Здравјето и здрав животен стил на целата популација
Здружение на граѓани за промоција и унапредување на здравјето и заштита на човекови права Arbor vitae (дрво на животот)- Скопје еграѓанска организација која е формирана од група на професионалци со повеќе децениско искуство во различни области од здравството и науката, како и членови кои припаѓаат на други професии кои учествуваат во промоција и унапредување на здравјето и здравиот животен стил на целата популација, како и заштита на правата на децата и подобрени услови за нивен правилен раст и развој. Целната група на Arbor vitae (дрво на животот)- Скопје, се сите лица без разлика на пол, возраст, образование, професија, етничка припадност и социјален статус. Визијата, мисијата, долгорочните цели, вредностите и дејностите на Здружението се утврдуваат со соодветни долгорочни и среднорочни документи за генерална политика и стратегија утврдени од органите на организацијата.
Мисијата на здружението е е да ја унапреди применливоста на најновите сознанија и пракса во сите полиња на дејствување и живот на луѓето.
Визијата на здружението е создавање на општество во кое сознанијата од науката и здравството ќе придонесат за подигнување на знаењето и свеста на луѓето и ќе ја подобри добросостојбата на сите.