Школа за родители

Дома / Школа за родители

Започнуваме со нова школа за родители со повеќе програми, низ кои ќе ве водат врвни професионалци од областа на педијатрија, стоматологија, фармакологија, психологија, нутриција.

Image

Основен курс

Едномесечен програм за идни родители

Основниот курс е едномесечен програм за припрема на идните родители.Предвидува запознавање на идните родители со низа на теми кои ќе им помогнат спремни да го дочекаат пороѓајот и првите денови со бебето. Програмот стартува на почеток на секој месец.

Повеќе


Image

Напреден курс за родители

Напредниот курс е едномесечен програм со кој родителите се запознаваат со раст и развој на доенчето, проблеми кои се јавуваат во првата година од животот, дохрана, појава на првите запчиња и се она што се случува во понатамошниот живот на бебето. Предвидува запознавање на родителите со низа на теми кои ќе им помогнат спремно да се соочат со проблемите низ растот на бебето

Повеќе

Image

Индивидуални советувања

Индивидуални советувања во кој ќе учествуваат поединци или родители кои имаат потреба за дискусија и прашања за одредени теми, сомнежи, дефинирање на проблеми, размена на искуства и се она што ги интересира а сакаат да чујат од експерти од одредени области.


ПРЕДАВАЧИ

Image

Проф.Др. Татјана Јаќовска

Педијатар со 30 годишно искуство, од 1990 година вработена на Клиника за детски болести, на одделот за доенче, метаболизам и цистична фиброза. Од 2018 година раководител на Центарот за цистична фиброза во Институтот за белодробни болести кај децата, Скопје. Експерт за доење, неонатологија и проблеми кои ги имаат доенчињата до една година (неонатални инфекции, конгенитални малформации, исхрана , витамин Д профилакса и рахит, наследни болести, генетски пореметувања и советувања, анемии, цистична фиброза, жолтици, интолеранција на лактоза и сл). Како професор на Медицински факултет врши едукации од прв, втор и трет степен на студенти по медицина, високи сестри, физиотерапевти, логопеди, рентген техничари, специјализанти по педијатрија, како и докторанти.

Image

Проф.Др. Круме Јаќовски

Клинички фармаколог со долгогодишно искуство од 28 години, вработен на Институтот за фармакологија при Медицинскиот Факултет. Како експерт учествува во многубројни студии на лекови и проекти во врска со лекови, нивен метаболизам и токсичност. Како професор на Медицински Факултет врши едукација на студенти по медицина, специјализанти по клиничка фармакологија, докторанти на Медицински Факултет.

Image

Виш. науч. сор. Др. Татјана Зорчец

Специјалист по медицинска психологија со повеќе од 25 години клиничко искуство во дијагностика и третман на деца со развојни потешкотии при Клиниката за детски болести. Како екперт од областа на менталното здравје, се бави и со советодавна работа и на деца со типичен развој и нивните семејства. Учесник е во многу домашни и меѓународни проекти. Како виш научен соработник при Медицинскиот факултет во Скопје, учествува во едукација на студенти по медицина, логопеди и медицински сестри, како и специјализанти по педијатрија.

Image

Асистент Др. Христо Петановски

Стоматолог со долгогодишно искуство од 25 години на детскиот оддел про Стоматолошката Клиника во Скопје. Како експерт учествува во разни проекти, едуцира специјализанти по стоматологија и студенти по медицина.